Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дождливо и ветровито со температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, на места (над 25 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 12 степени.

В среда и в четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. В петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК