Преубавите пилиња од варени јајца се вистинско ремек дело, а еве како се подготвуваат!
За полнетите јајца или пилиња од варени јајца, потребни ви се сосема малку материјали. Меѓутоа, бидете сигуртни дека никој нема да им одолее.
Состојки:
11 варени јајца
2 лажици мајонез
неколку кисели краставички
1,5 лажичка сенф
1 лажица рен
сол
бибер
варен морков
бибер во зрно
Начин на подготовка:
Исечете ги јајцата на половина така што горната половина ќе биде малку помала. Потоа извадете ги жолчките и ставете ги во чинија, па додајте ги останатите состојки како што се мајонез, сенф, рен, кисели краставички (мелени), сол и бибер. А потоа јајцата наполнете ги на местата каде што претходно стоела жолчката.
Од варениот морков направете клунови, а од биберот во зрно очи за пилињата.
Уживајте во своето мало ремек дело!