Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по Христијан Мицкоски: Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, Владата веќе донесе втор сет економски мерки со кој се опфаќаат 250.000 работни места

Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, Владата веќе донесе втор сет економски мерки со кој се опфаќаат 250.000 работни места, следува и трет пакет мерки, реагираат од СДСМ.

– Христијан Мицкоски продолжува да се однесува несериозно во време на сериозна здравствена и економска криза и наместо конструктивност, тера политиканство и популизам.

Владата ги слуша работниците, синдикатите и фирмите и затоа презема мерки кои му служат на стопанството, а не на Мицкоски кој по којзнае кој пат покажа дека не знае економија.

Задоцнета е лицемерната грижа на Мицкоски доцни, Владата веќе донесе втор сет економски мерки, а следува и трет, поголем пакет мерки кои ќе опфати уште повеќе компании и работни места.

Примитивноста е дел од речникот на Мицкоски, а неговото дејствување останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Со досега донесените мерки државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 компании, мерките обезбедуваат помош и поддршка на бројни категории граѓани и речиси на над 70 отсто од дејностите.

Државата, институциите покажаа исклучителна подготвеност да се справат со здравствените предизвици од коронавирусот и ќе покажат иста таква подготвеност во справување со економските последици, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК