Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води за пет проценти пред коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Ова се резултати од анкетата на Националниот демократски институт на прашањето за кого ќе гласате на изборите на 12 април. Според оваа анкета, спроведена во периодот пред да се одложат изборите, СДСМ има 22.9 отсто од гласовите, БЕСА има 1.7 отсто, па со тие проценти од 24.6 водат пред ВМРО ДПМНЕ која има 19.6 проценти.
Висок е процентот на граѓани кои се изјасниле дека СДСМ заслужува втора шанса. Дури 43 отсто од испитаниците веруваат дека оваа партија треба да го заврши тоа што го почнала. 47 отсто од граѓаните пак сметаат дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.
Од другите партии кај Албанците, ДУИ има 7,2 отсто поддршка, додека Алијансата и Алтернатива имаат 5,8, што значи би биле сериозна конкуренција на ДУИ. Кај политичките лидери граѓаните одговарале за нивната наклонетост, па Зоран Заев има 44 отсто, додека Христијан Мицкоски има 25 проценти. Висок е и процентот на граѓни кои се изјасниле дека ја поддржуваат работата на Заев како премиер, дури 48 отсто.