20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Битиќи на ТВ 24: Граѓаните треба да знаат дека економијата нема да заздрави со 8 отсто данок како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, туку треба солидарност

Внесување на свежи пари во економијата е возможно само со задолжување, печатење на пари не е опција, затоа што ќе се девалвира денарот. Ние мора да изградиме консензус дека ќе се избориме со оваа криза и од неа ќе излеземе што помалку ранливи, а колку таа ќе трае не зависи од нас, порача претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи во денешното гостување во ТВ 24.

Потребен ни е консензус околу даночните политики што со ВМРО-ДПМНЕ навистина е тешко да го постигнеме бидејќи имаме спротивни ставови на оваа тема, а консензусот ќе биде тоа да им се каже на граѓаните дека нема да биде возможно од оваа криза да се излезе со 8 отсто персонален данок со 8 отсто данок на добивка како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, туку секој од нас треба да знае дека ќе не чини малку повеќе, истакна Битиќи.

Околку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот, Битиќи оцени дека таквиот предлог е чиста национализација на приватниот пензиски фонд.

Она што вие го предлагате е чиста национализација. Во вториот столб има 515.000 луѓе коишто се сопственици на тие средства, вие не можете да направите таков интервенционизам без да ги прашате, заклучи Битиќи.