Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Родилка позитивна на коронавирус, од Гинекологија ќе биде префрлена на Инфективно

Пациентка од Куманово, која вчера се породила на Клиниката за гинекологија, е позитивна на коронавирус, пренесува Фокус, потпирајќи се на изјава на директорката Викторија Јовановска.

Пациентката од Куманово била спроведена на Гинекологија според сите протоколи и спроведена преку посебен влез, без контакт со другите родилки.

Имало и втора пациентка од Охрид која што наводно со позитивен тест, дошла на Гинекологија со мртов плод. Но, за неа, и натаму нема потврда дали била позитивна на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК