Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонското знаме денеска ќе биде кренато пред НАТО

Во НАТО командата во Норфолк, САД, денеска со почеток во 14.45 часот по наше време, ќе се одржи церемонија на кревање на нашето државно знаме, по повод членството во НАТО.

Во исто време знамето ќе биде кренато и во седиштето на НАТО во Брисел и во главната команда во Монс.

На настанот нема да присуствуваат македонски државници поради состојбата со коронавирусот, а настанот ќе се пренесува во живо на следните линкови: youtu.be/a6BWeVQqSXM и www.act.nato.int.

Северна Македонија од петокот, 27 март, официјално е членка на Алијансата откако тогаш САД го примија инструментот за пристапување на Република Северна Македонија во Северноатлантскиот договор.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК