Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Имаме свесни граѓани, после подолго време точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:

ИМАМЕ СВЕСНИ ГРАЃАНИ, ПОСЛЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ ТОЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ ШИРАТ ПОБРЗО И ПОМАСОВНО ОД ЛАЖНИТЕ!

Огромен придонес во дневното темелно и масовно информирање на јавноста во врска со коронавирусот имаат токму граѓаните. Имаме граѓанство кое уште еднаш покажува дека може да биде на највисоко ниво на одговорноста и да учествува во оваа заедничка, општествена, национална борба за здравјето на секој од нас.

Покрај институциите и медиумите, токму граѓаните се тие кои преку социјалните мрежи, преку личните контакти и преку “word of mouth” ги преземаат точните и релевантни информации, ги репродуцираат или шират со цел мерките и препораките за превенција и санација да стигнат до секого.

Можеби е реткост, но факт е дека конечно во македонското општество точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните.

Токму граѓаните се тие кои први им свртеа грб на лажните вести. Граѓаните ги препознаа и ги одбија дезинформациите и дадоа целосна поддршка на институциите кои секојдневно имаат директна и постојана комуникација со јавноста.

Ова е време на загриженост, криза и страв, а нашите граѓани трезвено и рационално не дозволуваат оваа криза да премине во паника. Имаме уште многу во борбата пред нас, но со посветеност, претпазливост и со здружени сили на институциите и на граѓанството, ќе го спасиме нашето општество од фатални последици и ќе се кренеме уште посилни во нови предизвици.

Благодарност до сите граѓани кои имаат активна улога во споделувањето на информациите кои ги емитуваат институциите со цел заштита на јавното здравје.

.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.