Centar.mk
БИЗНИС

Пари од обврзницата ќе се користат за справување со последиците што корона вирусот ги има врз економијата во земјата

На оваа седница Владата донесе Уредба со законска сила за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Северна Македонија, која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, и која утврдува дека отплатата на главницата на обврзницата за надоместување на селективните кредити на Народна банка на Република Северна Македонија ќе се изврши на 1 април 2021 година.

Продолжувањето на рокот за отплата на обврзницата утврден со оваа Уредба е со цел средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година наменети за отплата на обврзницата да се искористат за справување со последиците што корона вирусот ги има врз економијата во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК