Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четириесетина граѓани вечерва завршија во познат хотел кој е пренаменет како државен карантин

Околу 40 лица ноќеска влегле во Северна Македонија воглавно на граничниот премин Деве Баир.

Луѓето се ставени во карантин во познат хотел кај трговскиот центар кај јавноста познат како  “Олимпико” во населбата Тафталиџе во Скопје како дел од мерките за справување со ширењето на коронавирусот.

Како што објавивме Владата неодамна објави повик за хотели кои сакаат своите капацитети да ги понудат за карантин на кои ќе им исплаќа 10 евра по лице за една ноќ.

Овие луѓе ќе престојуваат 14 дена во државен карантин, а потоа ќе бидат пуштени дома.

 

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +