8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За прв пат во историјата на Македонија – полициски час: Ако некој го прекрши може да заврши во затвор

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска.

Од кривично правен аспект, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.

За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

ДЕСК