22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Centar коментар: Зошто ВМРО ДПМНЕ не нарача респиратори од 6.000 евра и ја части државата и нацијата?

“Под притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ Филипче го поништи профитерскиот теднер за набавка на респиратори по екстремно високи цени. Спасени се илјадници евра. Филипче под притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ го поништи профитерскиот тендер”, соопштија триумфално ВМРО ДПМНЕ затоа што државава не успеала во вакво кризно и хаотично време да набави респиратори за да се спасат животи на евентуални заразени граѓани од опасниот коронавирус.

Со оглед дека ВМРО ДПМНЕ го спасила буџетот од криминал и тендерот за респиратори бил поништен, најбогатата партија во Европа има уникатна можност да ги порача респираторите кои според опозициските новинари чинеле 6.000 евра со царина и поштенски трошоци, со вклучена брза пошта и да ја части државата. Не државата, туку народот.

Не е многу да нарача 50-тина респиратори, а тоа би ја чинело најбогатата партија во Европа само 300.000 евра.

Еве не мора да се 50, нека бидат 10, што би чинело 60.000 евра или вкупно примања на сите нејзини пратеници за период од 1-2 месеци.

Доколку тие респиратори се вистински респиратори, а не “аспиратори” тогаш сигурно со помош на поголемите компании и побогатите бизнисмени ќе се обидеме направиме акција да набавиме од ефтините уреди во уште поголеми количини.

Убедени сме дека државата ќе направи се’ за ВМРО ДПМНЕ да не плати царина и данок, бидејќи се работи за дела од хумана природа.

Доколку ВМРО ДПМНЕ го направи ова, ние од Centar.mk ветуваме дека во ниту еден момент повеќе нема да споменеме дека таа партија додека ја водела државата во 11-те години потрошила меѓу 600 милиони и 1 милијарда евра за распаднат стиропор кој личи на мермер како што се слуша во некои од “монтираните” разговори, а не ги потрошила на реновирање, надградба и изградба на старите и нови болници, училишта и друга неопходна инфраструктура.

За да биде се’ чесно, очекуваме откако ВМРО ДПМНЕ ќе ја изврши нарачката на респиратори да ни покажат оригинална фактура со износ од околу 6.000 евра по “аспиратор”, ова де респиратор.

Редакција на Centar