МВР се активираше откако Centar.mk, утрово ја објави веста за големата измама хара низ Македонија, каде измамници велат дека ќе ви дадат Ајфон за 1 евро, а потоа ќе ви ги соберат податоците од кредитната картица
-На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните. Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности, се вели во соопштението на МВР.
И Македонски пошти излегоа со реакција
– АД „Пошта на Северна Македонија„ не се јавува како организатор на било каква игра, која се споделува по социјалните мрежи. На овој начин, не само што се манипулира јавноста, туку се злоупотребува и името на Компанијата.
Од овие причини, ги советуваме граѓаните да бидат особено внимателни при споделување на вашите лични податоци на Интернет, велат од таму.
Целата статија за измамата која хара низ Македонија, а во која многу лесно може да бидат измамени граѓаните да ја внесат сопствената картичка мислејќи дека добиваат Ајфон може да ја прочитате со клик тука.