Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ 21: Буџетот ни е стабилен, подготвени ќе се справиме со економската криза

Ова се првични мерки кои ги организираме како држава. Првично тие се насоени кон трите најпогодени сектори во моментот, како угостителството, туризмот и транспортот. Граѓаните треба да знаат дека Владата е свесна што се случува- целта ни е да немаме отпуштени работници и затоа е неопходно да бидеме солидарни. Низ такво одговорно однесување ќе ги пребордиме овие месеци. Верувам дека ќе најдеме начин да се справиме со предизвикот. Прво буџетот мора да биде стабилен. Буџетот ни е ликвиден. Имавме раст на БДП од 3.6 отсто минатата година. Затоа велам дека спремни влегуваме во решавање на економските проблеми. Ако продолжиме со соработката со коморите, ако сите заедно сфатиме што ни претстои, тогаш верувам дека ќе успееме да ја пребродиме кризата, иако сега се уште се справуваме со здравствената криза.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК