Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за граѓани од Куманово за непочитување на здравствените прописи

Кривична пријава против двајца кумановци, поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата. Едниот не ја испочитувал мерката самоизолација, откако се вратил од странство, а другиот не го затворил ресторанот и во него биле затекнати лица кои консумирале пијалоци.

Едниот пријавен, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.03.2020 влегол во земјава преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18.03.2020 истиот не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

На 18.03.2020 пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Влада на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК