10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Полициски час ќе има само доколку не се почитуваат мерките

„Сите објекти и дејности ќе продолжат да функционират, се додека Владата не одлучи дополнително за затварање на одреден објект или дејност. Вонредната ситуација не значи полициски час, но полициски час може да се постави доколку не ги почитуваме мерките и препораките за заштита”, рече Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги објасни мерките кои ќе се преземат во ситуација на вонредна состојба. Тоа според него значи поголема одговорност и грижа и на граѓаните и на институциите.

Движењето на граѓаните нема да се загрози, но ќе биде само по потреби и под строги хигиенски мерки. Сите граѓани ке можат да ги извршт секојдневните обврски, но по нивно завршување да се вратат на работно место или дома, а секако при секој контакт да се употребат средства за дезинфекција, ракавици и маски. Вонредната состојба не предвидува по автоматизам полициски час или затворање на дејности и објекти, но за тоа ке се одлучи според потребите и ситуацијата.

Спонзорирано: