Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Нема веќе толеранција за непочитување на мерките на Владата, полицијата на улиците во Скопје

Вечерва бројни полициски екипи проверуваат во главниот град, како и во другите градови, дали се спроведуваат мерките на Владата за справување со Ковид 19 и се казнуваат престапниците, дознава Centar.mk.

Дополнителната заменичка на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска претходно на социјалните мрежи најави дека нема веќе да се толерира прекршувањето на мерките.

„Сите мерки на Владата се донесени за да се заштити јавното здравје и да се спречи ширењето на заразната болест. Секој што ќе постапува спротивно значи дека го повредува членот 205 и членот 206 од Кривичниот законик. За сторено кривично дело полицијата нема да предупредува, туку ќе приведува. Бидете свесни, заштитете се и себе и околината“, напиша Петровска на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Следува пад на температурите, еве што нè очекува

ДЕСК

ДРАМА ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА ВО ШТИПСКО – 14-годишно дете тешко повредено при бегство, еден уапсен

ДЕСК

НОЌНО АПСЕЊЕ НА ТАБАНОВЦЕ – Албански државјанин приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола

ДЕСК