Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата е на терен, се проверува колку угостителските објекти ги почитуваат правилата – сите ги почитуваат правилата

Во текот на попладневните часови (16.03.2020) полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.

Полициските службеници од СВР Куманово, на територија на општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, полициски службеници од СВР Охрид на територија на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници.

Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК