7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Коалицијата „Можеме“ со квалитетни кадри и граѓанска програма носи победа на изборите и европска иднина за државата

-Сите кандидати на пратеничките листи на коалицијата ,,Можеме” се одговорни, чесни и со признати квалитети. Тоа се луѓе кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се подготвени да се вклучат посветено во позитивните европски процеси и кои се спремни неисцрпно да работат за доброто на државата, соопшти СДСМ.

„Во изборната единица 1 за правда, ред и дисциплина, но и за животна средина ќе работат пратениците предводени од носителот Никола Димитров и носителката Мила Царовска. Тука се и искусни политичари, но и нови пратеници и нови кандидати, Дамјан Манчевски, Мирослав Богдановски, Диме Велковски.

Во втората изборна единица, повисоки плати, грижа за сите и инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат носителите Оливер Спасовски и Сања Лукаревска придржувани од исто така квалитетни и препознаени личности како Славјанка Петровска, Мухамед Зеќири, Санела Шкријељ.

Инвестиции во земјоделството, во инфраструктурата и повисоки плати, односно повеќе пари назад кај граѓаните обезбедуваат кандидатите за пратеници во третата изборна единица, предводени од мене лично, Љупчо Николовски и носителката Јагода Шахпаска на листа придружувани од Маја Морачанин, докторите Сашо Николов, Ненад Коциќ и многу други нови имиња.

Во изборната единица 4, Коалицијата „Можеме“ влегува со силни инвестиции во инфраструктурата, со уште посилна поддршка на земјоделците и уште повеќе можности и мерки за младите. Пратениците од оваа изборна единица се предводени од претседателот Зоран Заев и од Соња Миракоска, а на листата се и Миле Талевски, Даниела Колева и Костадин Костадинов.

Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите, здрава животна средина и силна поддршка на туризмот. Таму честа да ја предводат листата на коалицијата „Можеме“ ја имаат потпретседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, координаторот на досегашната пратеничка група Јован Митрески, придружувани од квалитетни професори, поединци, интелектуалци од Битола, Охрид и целокупниот регион, како што е Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Танески, Жаклина Лазаревска, Един Јакуповиќ…

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните силно и најмногу ги потврдуваме во 6-та изборна единица. Најразноликата изборна листа е предводена од претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и од Фаница Николовска од СДСМ, заедно со Бејџан Илјаз, Фадил Зендели, Драгољуб Филиповски и многу други и Македонци, Албанци, Турци и останати.

Ова е најголемата, најграѓанската и победничка коалиција со родово најизбалансирана понуда, со целосна правична застапеност на сите етнички заедници во државата. Клучно околу 60 проценти од сите наши кандидати се жени. Ова е значаен исчекор во стандардите на политичкото делување во нашата земја.

Со ваква кадровска понуда и со програмските решенија што ги нудиме носиме нов квалитет, нови вредности и нови стандарди во политичкиот плурализам во Северна Македонија. Затоа, оваа генерација, оваа коалиција е апсолутен фаворит на изборите и очекуваме тоа да се потврди со сигурност на изборниот ден, на 12 април.

Затоа што можеме. Можеме уште подобро, можеме уште повеќе! “ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК