Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: На денешен ден формирана единицата тигар

На денешен ден 1981 година во Министерство за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата, денес позната како „Тигар“.

Во изминатиот период од две ипол години за потребите на Единицата за специјални задачи „Тигри” беа набавени 200 комплет – униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплет – униформи за специјална полиција за рурална средина, исто така за алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи е набавена и нова алпинистичка опрема и системи за спасување.

Единицата за специјални задачи „Тигри” е синоним за професионалност, за максимална подготвеност и храброст, подготвена да се спротивстави на каков и да е зададен предизвик.

Почитувани припадници на Единицата за специјални задачи, ви го честитам денот на вашето формирање и заедно да се вложиме во сите ваши наредни успеси.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +