Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пожар во дебарско Татар Елевци, додека градот е во карантин

Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот.

Веднаш по дојавата, Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ се на терен во гаснење на пожарот, но поради недостапниот терен тоа оди тешко.

Зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума.

Екипите се на терен со цел пожарот да биде изгасен. Инаку Дебар денес беше ставен во карантин, со оглед дека голем дел од заболените од коронавирус во Македонија, доаѓаат токму од овој град.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +