Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Ќе се санкционира злоупотребата на заштитните мерки за одолговлекување на судења

Основниот кривичен суд Скопје ги известува сите граѓани дека сите закажани судења, за кои постојат услови да бидат одржани, нема да се одлагаат, сè до евентуално нови напатствија од Министерството за правда.

Судот воедено апелира дека какви било злоупотреби на препораките за заштита од коронавирусот со цел одолговлекување на судењата нема да се толерираат и строго ќе се санкционираат.

Судот апелира и до сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки или имаат каква било достава или барање до судот, како и сите обвинители, вештаци, сведоци, полициски службеници, претставници на невладините организации и медиумите и пред сè адвокатите кои се најчести посетители на судот, совесно да се однесуваат и да се водат по препораките на Владата.

„Доколку некој адвокат, обвинител, вештак или сведок во постапка изминатиот период бил во земји кои се од висок ризик на зараза или препорачана им е самоизолација – за нивната спреченост, со прилог соодветна документација за спреченоста, електронски да го известат судот“, се наведува во соопштението во кое се нагласува дека се работи за сопственото здравје, но и за здравјето на сите други.

Од Основниот кривичен суд исто така наведуваат дека судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите и тоалетите секојдневно се чистат и дезинфицираат од службите за одржување.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК