23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев најави: Строга контрола и високи казни за загадувачите – чист воздух и здрава животна средина за сите!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот конгрес ги повика сите – да се кренеме во напорите да си ја исчистиме земјата. Сите за ЕКО држава!

Затоа што е важно, важно е за сите нас, за нашите деца, за нашата иднина, затоа се ставаме во функција на обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

Следува строга контрола и високи казни за загадувачите!

Комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби.

Тројно повеќе еко инспектори. Тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри. Двојно повисоки казни за граѓаните кои загадуваат на законски недозволив начин.

Помошта за нашите граѓани за современ и еколошки начин на загревање продолжува уште повеќе и уште подобро.

60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен еко инвертер со цел забрана за употреба на фосилни горива. Обезбедуваме субвенции за приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата.

Гасот пристигнува до семејствата, а данокот за увоз на електрични и хидрогенски возила го укинуваме.

Сите, ама буквално сите сме одговорни за животната средина!

Затоа, воведуваме задолжителни часови по хигиена во основното образование, но и задолжително сепарирање на отпадот за домаќинствата.

Следуваат масовни акции за чистење и пошумување со ангажирање на институциите и граѓаните. Бидејќи знаеме дека можеме и повеќе и подобро.