Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Венко Филипче предмалку објави добра вест: 16 годишната девојка е негативна на коронавирусот, а првозаболената оздраве

– Резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, информираше Венко Филипче. министер за здравство.

– Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот: https://vlada.mk/node/20446.

Апелирам до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат препораките на Министерството за здравство, вели Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +