Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Шутц: Будно се следи состојбата во врска со мигрантската криза

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Сузане Шутц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, во Министерството за надворешни работи на Германија.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, соговорниците, меѓудругото, размениле мислења и информации во однос на предизвиците што произлегуваат од бегалската и мигрантската криза.

Пендаровски рекол дека земјава континуирано ја следи состојбата и презема мерки и активности за успешно справување со кризата.

На средбата биле разменети мислења и за односите меѓу Северна Македонија и Германија и било констатирано дека истите се карактеризираат со искрено пријателство, заемна почит и разбирање.

Пендаровски изразил задоволство од, како што реклол, значајниот придонес на Германија на нашиот европски и евро-атлантски пат, изразен преку отворена, силна и принципиелна заложба за донесување одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК

Приведување на Долно Блаце

ДЕСК