Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МЗШВ: Исплатени субвенциите за сите земјоделци кои имаат обработлива површина до 1 хектар

На сметките на 1.447 лица денеска се исплатија 11,3 милиони денари за сите земјоделци кои имаат мали земјоделски стопанства. Станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар“, соопшти Министерството за земјоделство.

Оваа мерка се спроведува првпат. Корисници на истата се земјоделски стопанства кај кои збирната површина на катастарските парцели евидентирана во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не надминува 1 хектар. Финасиската поддршка за сите земјоделци кои имаат производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари, изнесува 6.000 денари по земјоделско стопанство. Додека за оние корисници кои имаат производни капацитети од 0,5 до максимум 1 хектар, обработлива површина, финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по земјоделско стопанство.

Оваа мерка е наменета за малите земјоделски сопанства под 1 хектар, со цел да направи радвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Мерката опфаќа 13 000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК