Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Исплатени субвенциите за пчеларите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820 лица исплати 164.965,600 денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека корисници на мерката Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелини семејства.
Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува.

Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК