Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Медиумите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, за нив не е важно здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита

Бескрупулозно и без никаква одговорност кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нејзините медиуми – докажани произведувачи на лажни вести, ја лажат јавноста и ја злоупотребуваат ситуацијата со вирусот Ковид-19.

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира и дрско ја лаже целата македонска јавност и повторно покажува дека нема ниту капацитет, ниту пак знае како да работи во интерес на граѓаните.

Единствено што знае ВМРО-ДПМНЕ е да работи на штета на граѓаните, а во интерес на функционерите од оваа партија и нивните џебови.За ВМРО-ДПМНЕ не е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита.

Тоа го докажаа во периодот од 11 години режим, кога здравствениот систем целосно го колабираа и уништија. Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на свадбената веселба на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Апелираме, јавноста и граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче, кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид-19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +