Треба ли да одговараат медиумите преплатени со унгарски пари за ширење на лажна паника за ваква сензитивна тема е прашањето кое сега треба да е на маса пред Јавното обвинителство, откако медиумите на опозицијата ги преплашија граѓаните со лажни вести дека докторката заболена од коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски, генерален секреатр на СДСМ, но и била на симпозиум на дерматолози.
Се разбира овие се лажни вести кои веднаш треба да бидат санкционирани, со оглед дека не се работи за дневно политиканство, туку за сензитивна тема која може сериозно да придонесе кон паника кај населението во Македонија, а паниката во овој момент е најмалку што и треба на нашата земја.
Љупчо Николовски демантираше: Директорката на дерматологија не беше на моја свадба, тоа се лажни вести
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ги демантира лагите објавени на некои портали, во врска со наводни карантини на функционери на СДСМ.
„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.
Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.
Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.
Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.“ – пишува Николовски на Фејсбук.
Заболената докторка не присуствувала на симпозиумот за дерматологија во Штип
Организаторите на Меѓународниот симпозиум за дерматологија известиле дека докторката заболена со коронавирус не присуствувала на симпозиумот кој се одржал на 28 и 29 февруари во Штип и Скопје, пишува Мета.мк.
Организаторите биле од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и за порталот информирале дека таа не присуствувала на симпозиумот и покрај тоа што била поканета.
Докторката е инаку директорка на Клиниката за кожни болести и е четвртиот потврден случај на коронавирус во земјата.