Секое препознавање на добрите политики е мотив плус за граѓаните да ги поддржат овие политики и излезат на избори, секако убедени сме на сигурна победа на 12 април.-истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во емисијата Клик плус на ТВ 21.
Сигурни сме дека ќе обезбедиме мнозинство во Собранието, има место за останатите политички партии, со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ.- посочи Зеќири.
Тој истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна, СДСМ настапува со заедничка програма на изборите со коалиционите партнери,а не постизборно како претходно.
СДСМ за 2.5 години направи многу и има признание од цел свет. Од режим и затворена земја, ги решивме најгорлчивите прашања, го решивме спорот со името, до крај на месецот стануваме членка на НАТО, а наскоро стигаме и до датум за ЕУ. –истакна Зекири.
Покачена минимална и просечна плата, пензии и за 300% повисока социјална помош, изградени 750 км автопати.Тоа е само дел од тоа ништо, што СДСМ го направило за само 2.5 години – одговори Зекири на тоа што направило СДСМ за изминатите 2.5 години.
Во тоа судство уште седат судии и обвинители на тефтерчето на Јанкуловска затоа и марширавме за да ја пренесеме пораката дека сега се слободни и ниедна власт не смее да стави рака на судството. Сите сакаат да видат да се суди врз основа на факти и докази, а не да се работи по нарачки и желби. –посочи Зеќири во однос на состојбата на судството во државата.
Токму донесувањето и на Законот за ЈО беше да се спречи да се спасат криминалците, сите знаеме дека имаше голем отпор од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но време е да почне владеење на правото и правната држава.
На обвинителот Јово му се најдоа 30 предмети кои ги чувал во фиока. Затоа не можело судството да функционира, токму поради такви луѓе на позиција кои чекале некој да им јави и да им нарача. И токму поради тие луѓе СДСМ вети дека ќе има реизбор и ветинг, но со оглед дека тоа е комплициран процес, затоа треба да има прочистување на судството преку институции како што се УЈП и Антикорупциска кои треба да постапат во случаите каде има сомнежи.-посочи Зеќири.
Да зборуваш дека нема демократија и слобода денес и некој се плаши да изнесе став е ноторна лага, секој е слободен денес да зборува како сака и тоа да биде упатено кон кого сака.-истакна Зеќири.
Единствено ресетирање е ресетирање на политичките партии како ВМРО-ДПМНЕ, затоа ќе имаат време тоа да го направат во следниот период. Добрата од политиките на СДСМ ќе ги почуствуваат сите граѓани.-посочи Зекири.
СДСМ води позитивна кампања и така ќе биде до крај. Дел од програмата веќе граѓаните имаат прилика да ја слушнат преку секојдневни прес-конференции од страна на претседателот Заев, кажа Зеќири.