23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Вистинската грижа за сите граѓани продолжува, минималната плата ќе ја зголемиме на 18.000 денари, социјалната помош ќе се прошири на 34.000 семејства, градиме 777 социјални станови

Политиките на СДСМ и претседателот Заев во изминатите 2,5 години покажаа што значи вистинска грижа за сите категории граѓани. Но, знаеме и убедени сме дека можеме уште повеќе и уште подобро и затоа граѓаните ќе ни дадат мандат да продолжиме да се грижиме за оние на кои им е потребна помош, за сиромашните, ранливите, да продолжуваме да вложуваме во луѓето а не во спомениците, соопшти СДСМ.

„Социјалната помош ја зголемивме за 300%, а до крајот на следниот мандат истата ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.

До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 и ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи.

На најранливите семејства мораме да им помогнеме, да имаат сигурен дом, свое место каде го развиваат своето семејство. Затоа, во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за најранливите семејства но и за млади брачни парови.

Финансиските средства за преквалификација, тренинг и проактивно едуцирање со цел полесно наоѓање на вработување ќе ги зголемиме за 30%.

Обезбедуваме голема помош и поддршка и за највозрасните наши граѓани. Ќе отвориме три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип. Ќе изградиме и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.

Минималната плата ја качуваме на 18.000 денари до крајот на мандатот, а просечната плата ќе изнесува 36.000 денари, затоа што секој заслужува соодветно да му се цени трудот на работното место.

Градиме фер и праведна држава, на прав пат сме да овозможиме сите граѓани да имаат еднакви права.

Продолжуваме заедно со граѓаните и по победата на 12 април, заедно можеме повеќе и подобро.“ – се вели во соопштението.