Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сведоштво од „крвавиот четврток“: Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот

ТВ канал Вис во четири продолженија ја пренесува атмосферата од и деталите лично од жртвите на „крвавиот четврток“.

„Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот“, вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација. Не фати страв за пратениците кои беа качени горе на галеријата бидејќи и таму имаше толпа луѓе влезени, бидејќи имаше пратенички кои можеа да бидат бутнати и да паднат од оградата. Во тој момент ни текна да ставиме клупи за да се симнат по таа импровизирана скала, вели во своето сведочење Манчевски.

Ни во најлошите сценарија, ни во најлошите соништа не очекував дека може да влезе и да се впушти толпа од луѓе во Собранието, раскажува генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски.

– Видов дека некој вратите ги отвори и луѓето почнаа да влегуваат. Се што правеа, беше да има жртви, вели тој.


.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +