Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Едмонд Адеми во „Клик плус“: Идната влада ќе ја формира СДСМ, отворена е вратата за сите партии, освен за ВМРО

“Следната влада ќе ја формира СДСМ, освен за ВМРО, вратата за соработка е отворена за сите други партии“, порача Едмонд Адеми, министер задолжен за дијаспора во неговото учество во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Што се однесува до предизборната коалиција, Едмонд Адеми контрираше на реториката дека БЕСА ќе се претопи во СДСМ, потсетувајќи дека и ДУИ имаше предизборна коалиција со СДСМ па не се претопи.

„Ние ќе имаме над 61 пратеник и мнозинство за Влада со Движењето БЕСА. Но, како што рече и претседателот Заев, ќе ни треба уште една албанска падтија за поголема политичка стабилност. Која ќе биде, ќе покажат изборите“, подвлече Едмонд Адеми од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +