Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

А1 Македонија: Потешкотиите со воспоставување на повици се надминати

Попладнево корисниците на мрежата на А1 Македонија се соочија со потешкотии во комуникација, односно во реализирањето повици и испраќањето СМС пораки.

Во таа насока, A1 Македонија ја известува јавноста дека денеска дојде до неочекуван технички проблем во мобилната телефонија, поради што дел од корисниците имаа потешкотии при воспоставувањето на повици и испраќање на СМС пораки.

По брзата интервенција на професионалните екипи, потешкотиите со воспоставување на повици се надминати, а во моментов се работи на надминување на проблемот со испраќање на СМС пораки, се вели во соопштението од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Златен медал од EcoVadis за EOS Групацијата – ЕОС Матрих Македонија лидер во примена на ESG стандардите во финансискиот сектор

ДЕСК

УЈП: Пилот фазата на е – фактура покажува конкретни резултати, најавени се 148 компании

C +

УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026

C +