Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Ванчо Крстевски

На 59-годишна возраст почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Од струмичкиот театар известија дека утре, 4 март, во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Крстевски беше роден на 30 ноември 1960 година, а беше член на Струмичкиот театар од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а глумеше и во филмовите „Прашина“ на Милчо Манчевски и „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.

Можеби ќе ве интересира

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ВО ГАЗИ БАБА – 59-годишен и 26-годишен скопјанец се степале, следува поднесок

ДЕСК

ДВАЈЦА СОСЕДИ ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛЕ 59-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Инцидент во Гази Баба, следува соодветен поднесок

ДЕСК