Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Зоран Заев во новоотворената спортска сала во Општина Дојран во вредност од 24 милиони денари, достапна за учениците, хотелиерите и сите граѓани

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во придружба на градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, и претседателката на комисијата за образование на СДСМ и заменик министерка за образование, Елизабета Наумовска и граѓаните од оваа општина, ја посетија новоотворената спортска сала во ОOУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран.

Новата спортска сала покрај тоа што ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование на учениците од ова училиште, ќе има и друга намена.

Имено, ќе биде достапна и за хотелиерите во насока на збогатување на своите туристички понуди, но и за сите граѓанио на општината кои ќе пројават интерес за спорт и рекреација.

За изградба на спортската сала со површина од 650 квадратни метри се потрошени 24 милиони денари што се обезбедени од Банката за развој при Советот на Европа и Буџетот на Република Северна Македонија, а целата постапка беше спроведена преку Министерство за образование.

СДСМ покажува како преку вистински одлуки и нивна реализација се овозможуваат подобри услови за развивање на спортот и вклучување на што е можно повеќе млади да спортуваат.

.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК