Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Васев: ВМРО-ДПМНЕ ги дели граѓаните, СДСМ ги обединува во едно општество за сите

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ – интегрален текст:

 

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од Никола Груевски е партија симбол на поделбите, на конфликтите на кавги надвор и дома.

11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, создаваше поделби меѓу граѓаните и ја држеше државата изолирана.

Таквата матрица на поделби, конфликти и раздор меѓу граѓаните, денес се уште е силно присутна во белиот дворец зад мене.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, под превезот на лажен патриотизам ВМРО-ДПМНЕ и денес работи на поделби на граѓаните и сака да ја врати државата назад.

За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија продолжува да работи во интерес на сите граѓани и останува предводник на концептот едно општество за сите.

СДСМ е партија на сите граѓани и работи на постојано унапредување на меѓуетничките и меѓучовечките односи.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што се обидува да го создаде ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на 12-ти април гласачите ќе направат разлика и ќе застанат зад политиките на заедништво и соработка што ги промовира СДСМ.

На 12 април следува нов пораз за поделбите што ги промовираат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК