Centar.mk
ЛОКАЛНО

Димковски: По 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски, беа во посета на метеоролошката станица во Лазарополе, којашто УХМР минатата година ја реновираше.

„Оваа метеоролошка станица е изградена во 1993 година и по 27 години е реновирана. Со реновирањето е направена енергетски ефикасна фасада, замена на дотраените прозорци со нови, обновена е електричната инсталација и внатрешниот ентериер на станицата, со што се обезбедени пристојни услови за работа. Станицата е опремена со современи инструменти за мерење на метеоролошките параметри и во дворот на станицата е поставена и автоматска метеоролошка станица. Средствата за реновирање на објектот се обезбедени преку Програмата за рурален развој“, рече Димовски.

Од вкупно 18 метеоролошки станици, во овие две и пол години се реновирани девет станици. Освен станицата во Лазарополе реновирани се метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Берово, Виница, Претор, Охрид и Пожаране.

За оваа година се обезбедени 60 милиони денари за дејствување на градоносни облаци со авионско засејување. Тендерот е завршен, се избра најповолен економски понудувач и од 15 април се очекува започнување на активностите.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Охрид со засилени контроли: Ќе се одземаат возила и ќе следуваат кривични пријави!

ДЕСК

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК