6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Снимањето на „Невозможна мисија 7“ во Италија одложено поради коронавирусот

Коронавирусот во Италија го спречи снимањето на седмото продолжение на блокбастерот „Невозможна мисија“.

Продукцијата на најновиот филм Mission Impossible, повторно со Том Круз во главната улога, е запрена во Италија по избувнувањето на коронавирусот, соопшти во понеделникот американското филмско студио Парамаунт Пикчрс.

Седмото продолжение од франшизата требаше да се снима три недели во Венеција, првата локација за снимање.

„Поради претпазливост за безбедноста и благосостојбата на актерскиот тим и на сите инволвирани во снимањето, а воедно и напорите и препораките на локалната венецијанска влада да се избегнуваат јавни собири како одговор на заканата од коронавирус, ние го менуваме планот за продукција што се однесува на тринеделното снимање во Венеција,“ портпаролот на Парамонт изјави за новинската агенција АФП.

Тој додаде дека целиот тим може да се врати дома сè додека не продолжи продукцијата.

Не се знае до кога ке трае одлагањето. Филмот се очекува во киносалите на 23 јули 2021.

Италија во понеделникот го потврди седмиот смртен случај предизвикан од новиот коронавирус, а официјалните лица повикаа на смиреност. Здравствените власти тврдат дека бројот на инфицирани лица е во опаѓање неделава по многуте регистрирани за време на викендот. Според најновите официјални податоци, бројот на заболени во Италија се искачи на 229.

Покрај „Невозможна мисија“, ширењето на смртоносниот вирус поремети неколку настани од висок профил – Модната недела во Милано и Карневалот во Венеција. Министерството за спорт во понеделникот вечерта соопшти дека сите фудбалски натпревари ќе се играат без публика./Makfax

Спонзорирано: