19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ангеловска на средба со бизнис-заедницата во Свети Николе: 6,7 милијарди денари во буџетот за поддршка на приватниот сектор

Приватниот сектор е и треба да биде двигател на економскиот раст во земјава. Затоа економските политики се во насока на поддршка на развој на конкурентноста на приватниот сектор, на поддршка на извозот, инвестиции во нови технологии и подобрување на адекватноста на работната сила на пазарот на труд. Во буџетот за 2020 предвидени се 6,7 милијарди денари за мерки за поддршка на приватниот сектор, беше посочено на средбата на министерката за финансии Нина Ангеловска со бизнис заедницата во општина Свети Николе, на која присуствуваше и градоначалникот на општината Сашо Велковски.

„Со стопанствениците зборувавме за нивните предизвици, идеи и предлози како сметаат дека може да се подобри нивното работење. Приватниот сектор е клучен за развој на економијата и тој треба да биде двигателот, ако сакаме да оствариме побрз економски раст. Во таа насока, ги посочив мерките кои стојат на располагање во Буџетот за 2020 година со издвоени 6,7 милијарди денари за поддршка на стопанството. Конкретно тука се вклучени мерките за поддршка на инвестициите, за замена на стара со нова технологија во износ од 3 милијарди денари. За субвенциите за раст на платите издвоени се 2,4 милијарди денари и ме радува што стопанствениците тука ја поддржуваат мерката, и дека дел ја користат и ги зголемиле платите на вработените. Клучен предизвик е и квалификуваната работна сила. Во буџетотн се издвоени 1,3 милијарди денари за оперативниот план за реквалификација, односно вложување во кадрите за да бидат адекватни на пазарот на труд и за да се намалиме јаз помеѓу вештините и потребите на пазарот на труд“, рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека на состанокот станало и збор за олеснување на административните процедури, на што како што посочи Ангеловска Министерството за финансии работи во насока на подобрување на бизнис окружувањето и поедноставување на процедурите.

„На средбата имаше претставници и од земјоделската индустрија и од текстилната. Постои неискористен потенцијал и може да се зголеми извозот на овие компании преку имплементација на новите технологии. Во тој домен разговаравме за нови потенцијални проекти во сферата на земјоделието и текстилната индустрија, каде значително може да се додаде вредност, односно домашните компании да ги пласираат своите производи со додадена вредност директно на странските пазари“, рече Ангеловска.

Спонзорирано: