15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од с.Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

„На 20.02.2020 во периодот од 11.30 до 13.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14.15 и 15.30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во сКорешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба..

Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.

Инаку, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата последен излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

ДЕСК

ВЛАДА: Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки

ДЕСК

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

C +
error: Соддржината е заштитена.