Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал.

Вчера околу 21 часот на излезот од село Банско кон село Свидовица, полициски службеници пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото избегал.

За настанот е запознат јавен обвинител, а лицата се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК