Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Очекувам првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата. Ние сме единствена партија која има лепеза на избор за соработка со албанските партии, така што очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Виница.

Тој најави дека коалициите ќе бидат задржани и малку проширени, а тоа ќе биде познато до 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ.

„Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти“, рече Заев и изрази задоволство од преговорите.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +