Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се очајни и без идеја, затоа секојдневно шират лажни вести и конcтрукции“

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се очајни и без идеја, затоа секојдневно шират лажни вести и конcтрукции, реагираат од СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски континуирано измислуваат и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести и конструирани случаи за претседателот Заев и за членови на неговото семејство.

Ова е уште еден показател колку ВМРО-ДПМНЕ е безидејно и очајно поради неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат.

По носењето на Законот за јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Граѓаните се цврсто определени да го казнат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ -се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК