Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мега-скандал после кој Чулев треба да размисли за оставка – Италијанските власти реагираа кај Чулев за пробивањето на акцијата за кокаинот

Министерот Наќе Чулев доби предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно, вели дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во интервју за емисијата „360 степени“, која се емитува вечерва (21 февруари) од 22 часот на ТВ Алсат.

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, вели Петровска за 360 степени на Алсат.

Според неа, најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, каде исто како и во земјава, била следена контролирана пратка на дрога.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК