Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Рускоска до новинарите: Прашајте ја судијката зошто јавноста беше исклучена од рочиштето на „Рекет“

Судечкиот совет , при советувањето донесе одлука јавноста да биде исклучена од рочиштето за „Рекет“ бидејќи по наводи од обвинителството во снимките кои се прегледуваа денеска, може да им се наруши угледот на лицата кои не се инволвирани во ова обвинение, а се споменуваат.

Рускоска по завршувањето на рочиштето ги избегна медиумите, а на прашање на новинарите зошто јавноста била исклучена наспроти нејзината вчерашна изјава дека ќе бидат присутни, таа во одење рече „Прашајте си ја судијката Васка Николовска-Масевска“, пренесува Локално

Адвокатите на обвинетите пак, тврдат дека во снимките немало нешто со што би бил нарушен нечиј углед, освен за една аудио снимка, за која и адвокатката на второобвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, рече дека смета дека само за таа би требало да биде исклучена јавноста.

Рочиштето за „Рекет“ продолжува во четврток во 10:00 часот со искази на сведоци од одбраната.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СКОПЈЕ, МЛАДИ СЕ ПОВРЕДЕНИ – „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор на куќа

ДЕСК

ВООРУЖЕН 26-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО КИЧЕВО – Кај него пронајдени пиштол и 31 куршум

ДЕСК

СО 2,23 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ НЕРЕД ВО КИЧЕВО – Полицијата приведе 62-годишен маж

ДЕСК