23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Принтскрин/РСЕ
МАКЕДОНИЈА

Димовски до Мисовски: Горан, ќе те спружам на насловна страница!

„Горан, ќе те спружам на насловна страница!“, му дофрла Илија Димовски на Горан Мисовски на Собраниска комисија за финансирање и буџет, година 2012. Димовски во моментот кога ги упатува заканите кон претседавачот Мисовски, е пратеник од владејачката партија и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Локално.

Ова е истиот Илија Димовски кој и сега е пратеник на „реформираното“ ДПМНЕ. Овој истиот Илија сега зборува за демократија, правда и слобода на медиумите.

Оваа директна закана на Илија Димовски кон претседавачот Горан Мисовски е типчено признание на тоа кој раководеше со медиумите, и кој ги креираше вестите и насловните страници на прорежимските телевизии, печатени медиуми и интернет портали во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Груевски. Она што уште повеќе застрашува е дека Илија Димовски овие закани со спружување на насловна страница, ги упатува без никаква задршка – пред камери, на очиглед на цела македонска јавност и ич око не му трепнува.

На говорница излегува пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска. Во позадина се слушаат дофрлања од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски:Шекеринска реагира дека точна и јасна беше заканата на Димовски – веде уредникот на пола медиумите во Македонија, дека некого ќе стави на насловна страна, на што реагира Димовски со зборовите: ќе го СПРУЖАМ, му НАГЛАСУВАМ!

Тоа е лiцемерието кое сега сакаат да ни го продадат и протнат како „реформа“, истите оние луѓе, истите пратеници од ДПМНЕ.

Димовски беше директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 година па се до 2014 година кога ја презеде функцијата координатор на пратеничката група, или преведено – во најцрните денови на македонското новинарство и слободата на медиумите.

За жал и денес овој Илија Димовски – политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и креатор на насловни страници и вести, сè уште е радо виден гост на дебатни емисии на сите телевизии.

 

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ СО КЛИК ТУКА

Спонзорирано: