Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во посета на Шпанија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре, 19 февруари, ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија по покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

„На агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО од страна на шпанскиот парламент, соработката во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи“, соопштија од МНР.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на долниот дом на шпанскиот парламент, Меричел Батет.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК