Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14.20 часот на улица Железничка во Охрид кога автомобил „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(33) од Охрид, удрил во пешакот З.С.(62) од село Велгошти, охридско.

Жената-пешак се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Полицијата постапувала на различни локации низ градот

ДЕСК