Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не им пречи уставното име, туку прогресот кон НАТО и ЕУ

Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО, соопшти СДСМ.

„Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.

На лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им нема крај. Самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Со ова паѓаат во вода сите лажни тврдења и манипулации на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕнемаат што да им понудат на граѓаните освен лажен патриотизам, блокади и деструкции и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата“ се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК